Левандовски најмногу се поврзуваше со Милан и Јувентус, а на крајот може да заврши во – Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Полскиот голгетер Роберт Левандовски се наоѓа пред важна одлука за својата кариера, откако неговиот договор со Барселона истекува на крајот од сезоната, а засега нема сигнали дека ќе биде продолжен.

Според пишувањата на шпанските медиуми, искусниот напаѓач веќе привлекол интерес од Манчестер јунајтед, кој наводно гледа во него играч што може да донесе искуство и да помогне во развојот на младите напаѓачи, меѓу кои се споменува и Бенјамин Шешко.

И покрај тоа што има 37 години, Левандовски и понатаму е ефикасен пред голот. Оваа сезона тој има 17 погодоци на 40 одиграни натпревари, што потврдува дека сè уште може да настапува на највисоко ниво.

Претходно Левандовски најмногу се поврзуваше со преселба во Италија од каде што интерес за него покажуваа Милан и Јувентус, сепак на краајот би можел да заврши и во Премиер лигата, секако доколку не го продолжи договорот со Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×