Дерби на дното во ПМФЛ: „Лавовите“ немаат право на грешка, но бодови за опстанок сака и Работнички

by Стефан
1 минути читање

Maкедонија Ѓорче Петров и Работнички денеска од 16:00 часот го играат единствениот натпревар.

Овој дуел од 29. коло е и еден од најважните за двете екипи кои се во жестока битка за опстанок. Работнички е во нешто подобра позиција бидејќи има четири бода повеќе на десетата позиција, додека „лавовите“ се претпоследни со четири помалку.

Поразот за домашниот состав денеска би значел и огромен чекор назад, бидејќи заостанувањето до од местата кои водат до баражот за опстанок би било преголемо, посебно и во случај Пелистер да слави против Брера во дуелот кој се игра утре.

Работнички го дочекува натпреварот во подобра форма и поради тоа ја има улогата на фаворит. На последните пет средби дебармаалци запишаа три победи и два порази, додека во Ѓорче четири пати загубија и еднаш ремизираа.

Ќе потсетиме, колото вчера го отворија Арсими и Шкупи со натпреварот во кој домашниот состав лесно ја оправда фаворитската улога и победи со 5-1.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×