Навивачите на Реал се бесни, „удрија“ по фудбалерите по ремито со Бетис (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид има лоша сезона и како што стојат работите ќе остане без трофеј, бидејќи чудо треба да се случи за да ја стигне Барселона на врвот во Ла Лига.

Дополнително незадоволство помеѓу навивачите донесе вчерашното реми против Бетис. „Кралевите“ имаа водство до 93. минута, но тогаш си дозволија да примат гол и да испуштат важни три бода.

По натпреварот бесни навивачи ги пречекаа пред автобусот каде што ги навредуваа.

„Срам да ви е, покажете го лицето, излезете пред нас“, се слушаше од навивачите додека фудбалерите влегуваа во автобусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×