Нотингем Форест запиша убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Сандерленд во 34 коло од Премиер лига и направи голем исчекор кон опстанокот.
Гостите доминираа уште од самиот старт. Автоголот на Денис Хјум го отвори резултатот, по што следуваа погодоци на Крис Вуд, Морган Гибс Вајт и Игор Жезус за високи 0-4 до паузата.
Во второто полувреме ритамот опадна, но Елиот Андерсон во самиот финиш ја потврди убедливата победа.
Со овие три бода, Форест се оддалечи од опасната зона од шест бода над Вест Хем и осум над Тотнем.