Милан го бркаше цело лето, не се изнаигра на Сан Сиро, па сега ќе прави трансфер во Јувентус

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ размислува за ангажман на Ардон Јашари од Милан, фудбалерот од средниот ред не успеа да се наметне кај Макс Алегри ова лето.

Ардон Јашари, кој има македонско потекло, минатото лето со месеци се поврзуваше со преселба во Милан, за по долги преговори да се пресели на Сан Сиро во трансфер вреден околу 40 милиони евра.

Но фудбалерот од средниот ред не успеа да се наметне кај Макс Алегри, кој ги преферира Рабио, Модриќ и Фофана.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Јувентус сега размислува за негов ангажман.

Ардон Јашари подолго време е во бележникот на „старата дама“, па доколку Милан се сложи да го продаде по поволни услови, тие се подготвени да го донесат во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×