Првиот човек на Нант, Валдемар Кита упати жестока критика кон тренерот Луис Кастро, вели дека одлуката да го ангажира португалскиот стратег му е најголема грешка.
Нант, клуб со богата историја, е пред испаѓање во втора лига, а претседателот Валдемар Кита без влакна на јазикот жестоко удри по тренерот Луис Кастро, на кого му даде отказ по 15 натпревари.
„Најголемата грешка што ја направив е да го ангажирам Луис Кастро. Зборувавме многу, но очигледно требаше да бидам многу повнимателен“ – вели Валдемар Кита.
„Па овој човек ќе испадне два тима во една сезона!“
По отказот од Нант, Луис Кастро седна на клупата на Леванте, и точно е дека клубот се бори за опстанок, но игра далеку подобро по тренерската промена.
Луис Кастро донесе одлични резултати за клубот од Валенсија, кој по вчерашната победа од 2-0 нас Севиља е на само два бода до опстанок.