Пред почетокот на сезоната направи скандал и се тепаше со соиграч, сега се поврзува со трансфер од 40 милиони

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Џонатан Роу е на мета на неколку клубови и летоска може да направи трансфер од 40 милиони евра.

Џонатан Роу во август месец направи скандал, направи тепачка со Адриен Рабио во соблекувалната на Марсеј.

Двајцата потоа беа продадени по брза постапка, но на крајот ова испадна полн погодок и за Англичанецот и за Французинот.

Адриен Рабио игра одлично во Милан, а Џонатан Роу прикажува импресивни партии во Болоња.

Како што пренесува Кориере дело Спорт, скаути на Астон Вила, Челси и Манчестер јунајтед често ги следат игрите на Џонатан Роу.

Галатасарај исто така пројавува интерес, па Болоња трие раце и очекува продажба од околу 40 милиони евра.

ФОТО: X/Bologna FC 1909

Можно е и ова да ти се допаѓа

×