Aрсими лесно се справи со Шкупи и чекори кон опстанок

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Арсими со убедлива победа од 5-1 против Шкупи го отворија 29. коло во Прва фудбалска лига на Македонија.

Гостите од Чаир продолжија со слабите изданија сезонава и ниту овојпат не покажаа речиси ништо на теренот, па запишаа уште еден тежок пораз, иако успеаја да постигнат почесен погодок, нешто што ретко им поаѓа од рака оваа сезона.

Домаќините уште во првото полувреме го најавија триумфот со головите на Рамадани и Реџепи, поставувајќи цврста основа за сигурна победа.

Шкупи на стартот од вториот дел, во 49. минута, преку Нухија го постигна единствениот гол, искористувајќи ја практично единствената посериозна шанса на натпреварот.

До крајот, Арсими додаде уште три гола и го завери убедливиот триумф.

Со освоените бодови, Арсими го прескокна Башкими и се искачи на шестото место со 38 бодови, еден повеќе од кумановскиот тим и пет повеќе од Брера, која со 33 бода се наоѓа во опасната зона.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×