Сити и Јунајтед имаат дерби на трансфер пазарот, сакаат ист фудбалер!

by riste
1 минути читање

Нотингем форест трие раце, се очекува да заработат огромна сума на лето од продажба на Елиот Андерсон за кој има интерес од повеќе клубови, пред се од ривалите од Манчестер.

23-годишниот фудбалер од средниот ред игра фантастична сезона, тој е дел и од англиската репрезентација под водство на Томас Тухел.

Му се предвидува голема иднина, а лидер во трката по неговиот потпис е Манчестер Сити.

Ситуацијата будно ја следи и Манчестер Јунајтед кој е подготвен да реагира доколку преговорите на Сити и Нотингем пропаднат.

Се верува дека Нотингем бара огромна сума, дури 125 милиони фунти за Андерсон, Сити се обидува да ја намали таа цифра, а можно е да вклучи и некој од своите фудбалери во спротивна насока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×