Родри: Мораме да го намалиме ритамот или нема да дочекам 32 години

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот репрезентативец Родриго Ернандез, познат како Родри, алармира за сѐ поголемиот проблем со згуснатиот распоред во модерниот фудбал, посочувајќи дека честите повреди сериозно го загрижуваат за неговото здравје и иднина.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити во изминатите години се соочуваше со неколку повреди, меѓу кои и сериозна повреда на лигаментите. Актуелниот освојувач на „Златната топка“, гостувајќи во емисијата „Премиер Корнер“ на „ДАЗН“, отворено проговори за состојбата во фудбалот и испрати јасна порака.

„Или ќе намалиме со овој ритам или нема да дочекам 32 години“, изјави Родри, потенцирајќи дека преголемиот број натпревари може да го загрози неговиот понатамошен развој.

Тој нагласи дека во услови на ваков пренатрупан календар, фудбалерите мора да бидат свесни за своите граници и да водат повеќе грижа за сопственото здравје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×