23
Сериозен инцидент се случи на градскиот стадион „Лапад“ во Дубровник за време на фудбалски натпревар, што го потврдија и локалните власти.
Во текот на дуелот меѓу Дубровник 1919 и Неретванац, се урна дел од трибините, при што еден навивач поминал со полесни повреди.
Од градот информираа дека оштетениот сегмент веднаш ќе биде ставен вон употреба и нема да се користи сѐ додека не се направи детална техничка анализа и неопходна санација.
Градските власти посочија дека претходно немале информации за сериозната состојба на трибината.
Инаку, стадионот „Лапад“, изграден уште во 1919 година, располага со капацитет од околу 3.000 гледачи.