Арбелоа: Фудбалерите ги бирам од фудбалски причини, не од лични!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа уште еднаш зборуваше зошто Дани Карвахал не е селектиран во стартниот тим.

Арбелоа ја образложи својата одлука и го потенцираше своето високо мислење за Карвахал.

„Дани Карвахал? Знаете како отсекогаш зборувам за него. Можете да ги прашате и моите играчи како зборувам за Дани. Знаеме што значи тој за клубот. Знам што се обидувате да направите, да оставите поинаков впечаток. Мислам дека беше фантастичен, тој е клучен играч на теренот и надвор од него. Треба да игра на СП. Тој е легенда. Еден од најважните играчи што ги има произведено овој клуб. Секогаш му се восхитував. Секогаш си помагавме еден на друг. Делевме голема наклонетост откако дојде во тимот“, вели Арбелоа.

„Мојата цел не е да бидам неправеден. Кога бирам играч наместо друг, тоа е од фудбалски причини, а не од ништо друго, не од лични причини. Можам да изберам само 11 играчи за старт на мечот. Дани Карвахал ми помогна многу откако го презедов кормилото. Тој му помага на тимот и на сите тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×