Претставникот на Доналд Трамп побарал од ФИФА да го замени Иран со Италија на претстојното Светско првенство, објави „Фајненшл тајмс“ во среда. Планот наводно е обид за подобрување на односите меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџија Мелони, објави „Гардијан“.
Според „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, влошувањето на односите меѓу американскиот претседател и италијанската премиерка се случило по вербалните напади на Трамп врз папата Лав XIV поради војната во Иран.
Специјалниот претставник на САД, Паоло Замполи, ја потврди иницијативата за „Фајненшл тајмс“. „Потврдувам дека им предложив и на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Италија да го замени Иран на Светското првенство. Јас сум Италијанец и мојот сон е да ги видам „Аѕурите“ на турнирот што се одржува во САД. Со четири освоени титули, тие имаат педигре за да го оправдаат своето вклучување“, рече тој.
Настапот на Иран на Светското првенство се уште е неизвесно, а доколку Иранците не играат, Италија не е природен наследник на тоа место, па евентуално нејзино учество би било политички изнудено.