Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид во никој случај нема да дозволи младиот Виктор Муњоз да се пресели во Барселона и нема да даде амин за една ваква зделка.
„Каталонците“ разгледуваат неколку имиња за засилување на левата крилна позиција, а еден од фудбалерите кој им фати око е Виктор Муњоз, кој оваа сезона прикажува одлични партии во дресот на Осасуна.
Тој потекнува од школата на Барселона, има добар однос со Балде, Фермин и Ламин Јамал, неодамна го промени и агентот, но главниот проблем е тоа што за неговата иднина одлучува Реал Мадрид.
„Кралевите“ иако минатото лето го продадоа на Осасуна, не се откажуваа од контролата и вметнаа неколку клаузули.
Осасуна е обврзана да го извести Реал Мадрид доколку пристигне понуда, а „кралевите“ потоа ќе одлучат што да прават (можат летоска да го вратат за 8 милиони, летото во 2027 за 9 милиони и летото во 2028 за 10 милиони).
И „кралевите“ не сакаат нов „случај Ето“, па нема да дадат амин за трансфер на Виктор Муњоз во Барселона.