38
На програмата денеска се првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија ќе се играат во Охрид и Тетово.
Први на терен ќе излезат екипите на Охрид и Силекс, тој дуел се игра од 12:00 часот, Силекс секако е фаворит против Охрид кој од втората лига успеа да дојде до оваа фаза, меѓутоа охриѓани веќе го исфрлија Вардар, па покажаа дека можат да бидат опасни за секого.
Слична е ситуацијата и во Тетово каде што Шкендија ќе ја има фаворитската улога против Шкендија Арачиново.
Реваншите за натпреварите се закажани за на 6 мај кога ќе дознаеме кои две екипи ќе се борат за трофејот кој лани го освои Вардар.