Десет години по сензационалната титула, Лестер стана третолигаш!

by Стефан
1 минути читање

Лестер и Хал вчера одиграа реми 2-2 во 44. коло од англискиот Чемпионшип, резултат што значи дека некогашниот шампион на Англија и официјално испаѓа во третата лига.

Шампионот од сезоната 2015/2016, на две кола до крајот се наоѓа на 23. место со 42 бодови, додека Блекбурн, кој е над линијата за опстанок, има 49 што е недостижна предност за „лисиците“.

Гостите поведоа во 18. минута преку Лијам Милар, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме, Лестер накратко ја врати надежта. Најпрво Џордан Џејмс израмни од пенал во 52. минута, а само две минути подоцна Лук Томас донесе целосен пресврт.

Сепак, радоста траеше кратко, Оливер МекБарни во 63. минута погоди за 2:2 и го постави конечниот резултат, кој значеше и дефинитивен пад на Лестер од Чемпионшип.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×