Се редат понуди, Манчестер јунајтед на маса стави 40 милиони евра за новото чудо од дете од Бразил

by bojan
1 минути читање

Гигантите ширум Европа ја започнаа офанзивата по потписот на 16 годишниот Едуардо Консеисао, како што пренесува Дејли Мејл, Манчестер јунајтед на маса ставил предлог тежок 40 милиони евра, бонусите дополнително ќе се дефинираат.

Едуардо Консеисао се уште нема деби за првиот тим на Палмеирас, ниту пак може да игра во Европа во следните две години, но тоа не ги спречи гигантите ширум „стариот континент“ да ја започнат офанзивата за неговиот потпис.

Њукасл си ја проба среќата со предлог од 25+15 милиони евра, но истиот беше одбиен, а беше одбиена и понудата на Наполи вредна околу 35 милиони евра.

Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ со месеци опипуваат терен за ангажман на младото момче, но се уште немаат доставено конкретна понуда.

Како што пренесува Дејли Мејл, на сцената сега стапува Манчестер јунајтед, клубот од Олд Трафорд на маса ставил предлог тежок 40 милиони евра, оваа сума е како фиксен дел, бонусите дополнително ќе се дефинираат.

Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Едуардо Консеисао, неговото семејство веќе посетило неколку земји во Европа, помеѓу кои Англија и Франција.

ФОТО: X/palmeiras.com.br

Можно е и ова да ти се допаѓа

×