Јувентус може да остане без Турам, го сакаат четири клуба од Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Јувентус, Кефрен Турам се најде на радарот на неколку клубови од Премиер лигата пред летниот преоден рок.

„Старата дама“ сака да го задржи, но многу ќе зависи од тоа дали тимот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Интересот од Англија е сериозен, наводно го следат Манчестер Јунајтед, Њукасл, Астон Вила и Тотенхем.

Извори блиски до клубот велат дека продажбата би можела да стане реална опција, особено ако во текот на летото си замине некој од клучните играчи. Сепак, Турам нема да биде достапен по ниска цена, има договор до 2029 година, што му дава силна преговарачка позиција на Јувентус.

Се очекува преговорите да започнат од околу 40 милиони евра, а конечната сума ќе зависи и од тоа како „бјанконерите“ ќе ја завршат сезоната Во идеално сценарио за навивачите, клубот би го задржал Турам со подобрен договор.

Во Јувентус, Турам пристигна во 2024 година од Ница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×