Не е тајна, веќе подолго време се шпекулира дека Ентони Гордон е мета на Баерн Минхен, кој сака во своите редови да ја доведе веројатно најголемата ѕвезда на Њукасл. Сепак, досега нема официјални контакти меѓу клубовите и се чини дека засега само се „испитува теренот“.
Сега пристигнуваат информации од англискиот „Тајмс“, според кои Њукасл веќе ја одредил цената за својот фудбалер.
Доколку Баерн сака да го доведе во Минхен, ќе мора да издвои 75 милиони фунти, односно повеќе од 86 милиони евра. Во меѓувреме, Гордон е отворен за трансфер, но Баерн очекувал дека би можел да го ангажира за сума од околу 60 до 65 милиони евра и не е познато дали во Минхен би прифатиле да платат таква цена.
Гледано од оваа перспектива, тешко. Неговото место во стартниот состав не е загарантирано, а како споредба за Луис Дијаз на Ливерпул му платија нешто помалку, околу 75 милиони евра.