Директорот на Интер, Пјеро Аусилио ја повика Барселона да направи конкретен потег доколку сака да го ангажира Алесандро Бастони наместо да комуницира преку медиумите.
Во последно време се почесто се говори дека Алесандро Бастони е прва желба на Барселона за засилување на одбраната, речиси секој ден медиумите блиску до „каталонците“ пишуваат на оваа тема.
Ова очигледно не им се допаѓа на „нероаѕурите“, кои преферираат да преговараат директно наместо преку медиумите.
„Бастони е под договор со Интер, и во овој момент ништо не навестува дека тој ќе замине“ – вели директорот Пјеро Аусилио.
„Среќни сме со Бастони и партиите кои тој ги прикажува, сигурен сум дека ќе понуди уште многу“.
„Ако Барса е заинтересирана, го имаат нашиот број и слободно нека се јават, наместо вака да комуницираат преку медиумите“.