Лампард го внесе Ковентри во Премиер лигата, па го доби најголемото признание во тренерската кариера

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот одличен фудбалер од средниот ред на Челси, а денес тренер на Ковентри Сити ФК, Френк Лампард е прогласен за тренер на сезоната во Чемпионшип, откако со својот тим обезбеди пласман во Премиер лигата.

Со ова признание е крунисана сезоната во која Ковентри постојано ги надминуваше очекувањата и стави крај на 25-годишното чекање за враќање во елитата на англискиот фудбал.

Три кола пред крајот на сезоната, Ковентри веќе има освоено 86 бодови и е во трка за шампионската титула. Без разлика дали на крајот ќе го подигне трофејот, Лампард веќе ја доби личната сатисфакција преку ова престижно признание, кое му беше врачено во неделата на свечената церемонија на ЕФЛ наградите.

За 47-годишниот стратег ова претставува голем момент во кариерата и потврда дека успешно се носи со предизвиците на една од најтешките лиги во светот.

„Бев емотивен таа вечер, бидејќи дури тогаш сфатив што постигнавме. Дојдов во клубот пред 16 месеци, во момент кога беше на дното, а сега се вративме. Фудбалот секогаш се врти околу луѓето и навивачите, а токму тоа ми недостигаше“, изјави Лампард при примањето на наградата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×