79
Викендов беше одиграно 28-то коло во Првата македонска фудбалска лига во кое најубедливата победа ја забележа Вардар победувајќи го веќе испаднатиот Шкупи со 7-0.
Во овој натпревар го видовме и голот на колото кој беше во режија на напаѓачот Азер Омерагиќ кој мајсторски од свртување успеа да ја погоди мрежата на чаирчани.
Со својот гол Омераѓиќ стави точка на наттпреварот во 91. минута.