Мохамед Салах на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, а неговата иднина веќе е главна тема на трансфер-пазарот.
Египетската ѕвезда се поврзува со преселба во Саудиска Арабија, каде најсериозен интерес покажува Ал Наср, тимот за кој настапува Кристијано Роналдо. Клубот има амбиција да создаде спектакуларен тандем во нападот и да ги обедини двете големи имиња во истиот состав.
Сепак, конкуренцијата е сериозна. За потписот на Салах внимателно следат и Ал Итихад, Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Кадсија.
И покрај силниот интерес, останува отворено прашањето како Салах би се вклопил во тим во кој главна фигура е Роналдо, со оглед на тоа што двајцата се навикнати да бидат лидери на теренот. Сепак, амбициите на саудиските клубови се јасни, а финансиската моќ може да биде клучниот фактор во евентуалната реализација на трансферот.