Го водеше до полуфиналето во ЛШ, ама Чоло може да го напушти Атлетико за премиерлигаш!

by 24 фудбал
1 минути читање

Диего Симеоне по петнаесет години е симбол на Атлетико Мадрид, но неговото име повторно се поврзува со можно заминување.

Аргентинецот го презеде тимот во 2011 година и досега го водеше на речиси 800 натпревари, а оваа сезона со „јорганџиите“ ќе игра и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Под негово водство, Атлетико се издигна во рамноправен ривал на Реал Мадрид и Барселона, освојувајќи трофеи, меѓу кои две титули во Ла Лига и два трофеи во Лигата на Европа

Иако во минатото повеќепати истакнуваше дека негова голема желба е да седне на клупата на Интер, последните информации од Англија носат поинаква насока. Според најавите, Симеоне е прв фаворит за нов менаџер на Челси, кој е во потрага по решение по лошите резултати и падот во борбата за место во Лигата на шампионите. Актуелниот тренер Лиам Розениор е под сериозен притисок, а раководството на клубот наводно верува дека може да го убеди Симеоне да ја прифати понудата.

Доколку дојде до ваков развој, тоа би значело крај на една ера во Мадрид, каде Симеоне изгради препознатлив тим и остави длабок белег во европскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×