Еден гол го реши аргентинското Суперкласико, Бока го победи Ривер на Монументал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Еден гол го реши најголемото дерби на светот, Бока јуниорс со 1-0 го совлада тимот на Ривер Плата кој ја имаше улогата на домаќин на овој меч.

Како и секој меч меѓу Ривер и Бока, така и овој изобилуваше со борба и тензија, беше тврдо, а единствениот гол беше постигнат од пенал.

Тоа се случи во судиското продолжение од првото полувреме кога Паредес погоди од белата точка за победа на Бока од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×