Јувентус ја доби Болоња, Лигата на шампиони е се поблиску (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ со 2-0 ја доби пресметката против Болоња и освои три важни бода во битката со топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

Јувентус ги искористи киксовите на Комо и Рома и избега на +5 во битката за местата кои водат во Лигата на шампиони.

Избраниците на Спалети вечерва со 2-0 ја добија пресметката против Болоња и можат порелаксирано да влезат во завршницата од сезоната.

„Алианц Арена“ во Торино експлодираше по само две минути, Давид ја затресе мрежата на асистенција на Калулу.

„Старата дама“ потоа имаше неколку добри шанси да ја зголеми предноста, и за нова радост се чекаше до 57. минута, кога Кефран Турам реализираше за 2-0.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×