Керик ја отвори вратата за враќање на Рашфорд во Манчестер јунајтед, но има еден проблем…

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик ја отвори вратата за враќање на Маркус Рашфорд, но со „ѓаволите“ на добар пат да обезбедат место во Лигата на шампиони, платата на напаѓачот ќе порасне за 25%.

Маркус Рашфорд година ипол е на позајмица, вториот дел од минатата сезона беше во Астон Вила, а оваа сезона е во Барселона.

Напаѓачот има сосема солидни бројки во дресот на „каталонците“, постигна 12 погодоци и забележа 13 асистенции на 43 настапи, но клубот од Камп Ноу се уште нема одлучено дали ќе ја искористи опцијата во целост да го купи за 30 милиони евра.

Во разговор со медиумите, Мајкл Керик сега ја отвори вратата за враќање на Маркус Рашфорд на Олд Трафорд.

„Треба да бидат донесени одредени одлуки и Маркус Рашфорд е една од нив“ – вели тренерот на „ѓаволите“.

„Во моментов немам ништо, но во одреден момент ќе мора да се донесе одлука“.

„Јас можам само да кажам дека кој и да е тука, сакам да работам со него и да му помогнам да напредува“.

„Во моментов работам со овој состав. Има и играчи на позајмица, а што ќе се случува со нив понатаму, ќе видиме“.

„Како тренер и лидер, мојата цел е од секој играч да го извадам максимумот“.

Евентуалното враќање на Маркус Рашфорд ќе донесе и еден дополнителен проблем, со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед е на добар пат да обезбеди место во Лигата на шампиони, неговата плата ќе порасне за 25%.

Барселона сака да го задржи Англичанецот, но наместо да плати 30 милиони евра, преферира нова позајмица и да го одложи трансферот за додатни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×