Екипата на Ковентри по цели 25 години повторно ќе игра во Премиер лигата откако вечерва ремизираше 1-1 против Блекбурн.
На Ковентри им беше потребен најмалку бод на вечерашното гостување кај Блекбурн и токму тоа го постигнаа, па сега славјето може да почне.
Бодот и промоцијата во Премиер лигата им ги донесе Боби Томас со погодок во 84. минута, за најслатката радост што поголемиот дел од навивачите на овој клуб ја паметат.
Тоа значи дека Ковентри сега има 13 бодови повеќе од третопласираниот Милвол, што е недостижно во преостанатите четири натпревари.
Најголемиот успех на клубот е освојувањето на ФА Купот во 1987 година, а интересно е што пред последното испаѓање од Премиер лигата дури 34 последователни години беа во елитниот ранг.