Перез смислил чудна тактика: Го сака Клоп, но ќе го доведува со – игнорирање?!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид наводно применува необична стратегија во обид да го ангажира Јирген Клоп како нов тренер. Според шпански медиуми, претседателот на клубот Флорентино Перез не планира да го направи првиот чекор и директно да стапи во контакт со германскиот стратег.

Наместо тоа, во Мадрид очекуваат Клоп сам да покаже иницијатива доколку навистина е заинтересиран да седне на клупата на „кралскиот клуб“, пишува Фабрицио Романо. Ваквиот пристап веднаш отвора прашање: ако Реал навистина сака да го ангажира Клоп, зошто клубот се поставува како да е на него да убедува, а не обратно?

Кога станува збор за тренер од негов калибар, вообичаената пракса е токму клубот да го направи првиот потег, што се смета за нормален дел од сериозни преговори, пишуваат дел од медиумите.

Во овој случај, се добива впечаток дека Мадрид сака да доведе еден од најдобрите тренери во светот, но истовремено не сака да ризикува со својот имиџ. Пораката, според анализите, е дека ако Клоп навистина сака да го води Реал, треба сам да покаже интерес. Сепак, ваквиот пристап повеќе остава впечаток на претерана гордост отколку на самодоверба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×