Минатото лето Барселона беше единствениот клуб за него, сега сака да замине од Камп Ноу

by bojan
1 минути читање

Перспективниот Руни Бардгџи не е задоволен од малата минутажа на Камп Ноу па сака летоска да ја промени средината и да ја напушти Барселона.

Руни Бардгџи минатото лето беше на радарот на многу клубови ширум Европа, но кога слушна дека Барселона сака да го купи, тој ги заборави сите други и инсистираше на преселба на Камп Ноу.

Сепак, авантурата во дресот на „каталонците“ не оди според неговите планови, конкуренцијата за место во тимот е огромна, па тој сега не е задоволен од минутажата и сака да го напушти клубот.

Се говори дека Порто, Монако и Штутгарт пројавуваат интерес за неговите услуги, идејата е офанзивниот фудбалер да замине на позајмица, да напредува и потоа повторно да се врати во Барселона и да успее на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×