Го бараат Барса, Јувентус, Ливерпул, Атлетико… а тој се договори со клуб кој се бори за опстанок

by bojan
1 минути читање

Марко Сенеси од Борнмут е еден од најбараните дефанзивци, а последните информации велат дека Аргентинецот си подал рака со Тотнем.

Гигантите ширум Европа со месеци тропаат на вратата на Марко Сенеси, кој беспари ќе ја промени средината по крајот на сезоната.

Барселона, Јувентус, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Челси и Манчестер јунајтед се дел од звучните имиња кои пројавуваат интерес за услугите не дефанзивецот.

Но последните информации велат дека Аргентинецот си подал рака со Тотнем, клуб кој во последните кола грчевито се бори за опстанок.

Очигледно Марко Сенеси си има свои математики, но се верува дека трансферот ќе се реализира само доколку „спарси“ останат во Премиерлигата.

Доколку испаднат во втора лига, тогаш Марко Сенеси ќе има одврзани раце да се договори со друг клуб.

ФОТО: X/AFC Bournemouth

Можно е и ова да ти се допаѓа

×