Флорентино Перез „ги пеел“ фудбалерите: Една сезона без трофеј е неуспех, две сезони е неприфатливо!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез упатил сериозни критики по поразот елиминацијата од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, и им порачал на фудбалерите дека не ја оправдале одговорноста што ја носи белиот дрес.

„Кралевите“ се на добар пат втора сезона по ред да останат без трофеј, вчера загубија од 4-3 на Алианц Арена и беа елиминирани од Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Ова не му се допаднало на Флорентино Перез, кој во соблекувалната упатил сериозни критики.

„Го ценат трудот што го вложивте денеска, но оваа сезона е големо разочарување за сите“ – порачал претседателот на Реал Мадрид.

„Знаете какви се очекувањата во Реал, една сезона без титула е неуспех, две сезони без трофеј е неприфатливо“.

Тој потоа додал: „Да се биде играч на Реал Мадрид е привилегија, секој сака да го носи дресот на овој клуб“.

„Но во исто време, дресот е голема одговорност, многумина од вас не ја исполнија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×