Шокантен испад на Ди Канио: Си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса во ТВ емисија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер, Паоло Ди Канио сега се најде во центарот на вниманието поради неговото однесување во едно телевизиско гостување.

За време на емисија посветена на Лигата на шампионите на италијанскиот „Скај Спорт“, каде што работи како стручен аналитичар, 57-годишниот Ди Канио по расправа со водителката Федерика Масолин од фрустрација ненадејно почна силно да си ја удира главата од масата.

Неверојатната сцена ги шокираше сите во студиото, вклучително и легендарниот тренер Фабио Капело, кој седеше веднаш до него. Кога виде дека Ди Канио си го раскрварил челото од ударите, Капело му подаде марамче за да го запре крварењето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×