Ливерпул загуби со вкупни 4-0, а Слот се жали: Не ни досудија пенал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот жестоко реагираше по поразот од Пари Сен Жермен (0-2), посочувајќи на недосуден пенал. „Црвените“ сметаат дека клучен момент бил дуелот над Алексис Мек Алистер, кој според нив требало да резултира со најстрога казна.

Ако погледнете на нашата сезона, не сум изненаден бидејќи многу одлуки одеа против нас. Тоа е прилично едноставно. Ако судијата не досуди пенал, ВАР никогаш не би го поништил, но видов многу лесни пенали кои беа досудени, а луѓето велат дека ВАР не може да реагира бидејќи има контакт. Токму тоа јасно го гледаме. Но, минатата недела имаше две одлуки во наша корист, поништен пенал и туркање од страна на Конате. За жал, не успеавме да постигнеме гол, иако имавме повеќе шанси, вклучувајќи и голема во првото полувреме. Енфилд веќе ‘вриеше’ при 0-0, замислете како ќе беше при 1-0“, смета Слот.

Интересно е дека тренерот на Ливерпул го апострофира овој потенцијален пенал, а неговиот тим загуби со вкупен резултат од 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×