Симеоне му одговори на Јамал: Ако сака спорт еден на еден – нека игра тенис!

by riste
0 минути читање

Денеска Атлетико Мадрид и Барселона играат исклучително важен дуел од Лигата на шампионите, се борат за место во полуфиналето.

Атлетико Мадрид со 2-0 победи на Камп Ноу во првиот натпревар, па Барселона има комплицирана мисија за да помине понатаму.

Пред овој меч атмосферата се загрева со изјави, а на прес-конференцијата една интересна имаше Чоло Симеоне.

Новинарот го праша: „Ламин Јамал искоментира дека бил чуван од повеќе фудбалери. Што ќе кажеш ти на тоа?“.

„Ако сака спорт еден на еден, може да оди и да игра тенис“, рече Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×