Фудбалерите на Бенфика го бранат Мурињо: Тој е најдобар од сите!

by riste
1 минути читање

Меѓу фановите, но и во медиумите во Португалија постои дебата дали Жозе Мурињо треба да остане тренер на Бенфика.

Бенфика е единствениот тим без пораз оваа сезона, но има многу нерешени, па се чини дека тешко ќе се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

Мурињо има уште една година од договорот, тој вели дека од клубот зависи дали ќе остане или не.

Португалецот добива пофалби од своите фудбалери, за збор се јави Вангелис Павлидис.

„Никој не може да каже нешто за Мурињо. Тој о сака фудбалот. Го сака спортот, ги сака своите фудбалери и секогаш е искрен. Тој разбира се за фудбалот и како да ги менаџира тимовите. Неговата кариера зборува за него. Како тренер тој е на друго ниво, тој е најдобар од сите“, рече Павлидис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×