40
Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Челси (0-3), а претходно во саботата Арсенал загуби од Борнмут во трката за титулата на Премиер лигата.
И покрај тоа што пред ова коло Сити врза две ремија, сега има шест бода помалку од „топчиите“ и натпревар помалку, па тимот може да се врати полноправно во трката за титула. Во Англија многумина веќе се шегуваат на сметка на Арсенал дека губи чекор во трката, а еден навивач стана хит.
Тој зеде шишенце и на натпреварот со Челси си доби момент пред камера. Навивачот сакаше да покаже дека Арсенал ќе направи „bottling“ во трката, што означува да ја загуби трката и покрај високата предност која ја имаше.