Шок во Полска: Почина тренер во репрезентацијата!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската јавност во Полска денеска беше погодена од веста за смртта на младиот фудбалски тренер Јацек Магиера.

Магиера, кој до моментот на смртта работеше како еден од помошните тренери во стручниот штаб на полската репрезентација, утрово загубил свест за време на тренингот и починал на самото место.

Полскиот фудбалски сојуз преку социјалните мрежи ја потврди тажната вест.

„Полскиот фудбалски сојуз со длабока тага и огромно жалење ја прими веста за смртта на Јацек Магиера, помошен тренер на полската репрезентација. Сојузот изразува најискрено сочувство до семејството, пријателите и најблиските на Јацек Магиера. Воедно, апелираме да се почитува приватноста и мирот на неговите најблиски во овие исклучително тешки моменти“, се наведува во соопштението на Полскиот фудбалски сојуз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×