Француски гигант го смени логото, навивачите не го прифатија добро!

by 24 фудбал
1 минути читање

Олимпик Марсеј предизвика бурни реакции кај навивачите по претставувањето на новиот клупски грб.

Наместо позитивни коментари, најголем дел од фановите остро го критикуваат редизајнот, особено промените на препознатливото „М“, кое според нив го губи идентитетот на клубот. На социјалните мрежи доминира незадоволство, а поддршката за новото лого е минимална.

Одлуката доаѓа во чувствителен момент, бидејќи Марсеј води жестока битка за место во Лигата на шампиони. Тимот е четврти со 49 бода, веднаш зад Лил, додека Монако има ист број бодови, а Лион заостанува само еден.

До крајот остануваат уште седум кола, па борбата за елитата ќе биде неизвесна до самиот финиш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×