Ламин Јамал испрати порака до навивачите дека тимот не се предава по поразот од 2:0 против Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Иако пред Каталонците стои тешка задача во реваншот, младата ѕвезда верува во пресврт.
По поразот, Барселона се соочува со сериозен, но не и невозможен предизвик. За пласман во полуфиналето, тимот ќе мора во реваншот следниот вторник во Мадрид да ја надополни негативата и да слави со најмалку три гола разлика или пак барем два за продолженија.
И покрај негативниот резултат, Јамал остана оптимист. Неколку часа по натпреварот се огласи на социјалните мрежи со порака:
„Сè уште не е готово. Во реваншот ќе дадеме сè од себе… Обединети како и секогаш.“
Сезонава младиот офанзивец оваа сезона има учинок од 21 гол и 16 асистенции на 42 натпревари за Барселона.