Медиумите од Турција пренесуваат дека Галатасарај сака да го ангажира Мохамед Салах и тоа во пакт со Вирџил ван Дајк.
Мохамед Салах го напушта Енфилд по крајот на сезоната, и тоа беспари, Ливерпул ќе му даде одврзани раце да си најде нов клуб и покрај тоа што е под договор до јуни 2027.
Напаѓачот се поврзува со преселба во Саудиска Арабија и САД, но и неколку клубови од Европа пројавуваат интерес за неговите услуги.
Медиумите од Турција сега пренесуваат дека Галатасарај се надева дека ќе успее да го убеди Мохамед Салах да го одбере Истанбул како следна дестинација.
И не само тоа, раководството на клубот сака да реализира трансфер бомба и во пакет да го ангажира и Вирџил ван Дајк.
Галатасарај има високи амбиции во последните неколку години, летото во 2024 успеаја да го донесат Виктор Осимен, а потоа потпишаа и со Лерој Сане и Илкај Гундоган.