Тјери Анри вели дека Кубарси не требал да добие црвен и објасни зошто

by bojan
1 минути читање

Легендарниот Тјери Анри смета дека црвениот картон за Пау Кубарси на синоќешниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид бил погрешна одлука, вели дека на ова ниво во Лигата на шампиони, не биле исполнети сите услови за најстрога казна.

„Каталонците“ се бесни на судијата Истван Ковач по вчерашниот пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, имаат многу замерки за судијата, особено за моментот од финишот на првиот дел, кој целосно го смени натпреварот – црвениот картон на Пау Кубарси.

Ставовите се поделени, а легендарниот Тјери Анри смета дека одлуката е погрешна.

„Не, не, не… за мене, ова не е црвен картон“ – вели поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона.

„Го разбирам правилото. Последен човек, се спречува шанса за гол… но треба убаво да се погледне на целата ситуација“.

„Топката не е целосно под контрола., аголот не е перфектно, и има прилична дистанца до голот“.

„Дали сме сигурно дека тој ќе даде гол? Јас не сум убеден“.

Тој потоа додаде: „Според мене, ова е само за жолт картон, не и за црвен. Црвениот картон драстично го менува текот на натпреварот. И ова е Лигата на шампиони, морате да бидете 100% сигурен“.

„Мислам дека судијата избрза“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×