Баерн Минхен со 2-1 победи на гостувањето кај Реал Мадрид во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите, Арсенал со 1-0 славеше кај Спортинг во Лисабон.
Резултатот на Бернабеу беше отворен во 41. минута кога по една убава акција Луис Дијаз погоди за водство на Баерн од 1-0.
На овој гол му претходеа две фантастични шанси на Баварците кои реализираа од третата можност.
По само 20 секунди игра во второто полувреме Хари Кејн со шут од далечина го зголеми водството на 2-0.
По вториот примен гол Реал Мадрид се разбуди и почна да креира шанси за гол, се редеа можностите пред голот на Нојер, но само една беше искористена.
Во 74. минута по асистенција на Александер-Арнолд, Мбапе даде гол за конечни 1-0.
По денешната пресметка Баерн е поблиску до полуфиналето, Реал ќе мора да победи во Минхен.
И во второто полуфинале гостите беа поуспешни, Арсенал го победи Спортинг Лисабон со гол на Каи Хаверц во судиското продолжение од натпреварот.
Топчиите и претходно се израдуваа на погодок, но тој гол им беше поништен поради офсајд.