Алегри: Борбата на титулата веќе не е за нас

by Стефан
1 минути читање

Дербито во Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ меѓу Наполи и Милан, во рамки на 31. коло од Серија А, заврши со триумф на домаќинот кој со тоа го престигна Милан на второто место на табелата. Актуелниот шампион собра 65 бода, два повеќе од третопласираниот Милан, додека лидерот Интер е убедливо прв со 72 бода.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по поразот призна дека неговиот тим веќе не е во трката за титулата.

„Борбата за шампионската титула повеќе не е за нас, Интер има девет бода повеќе, а сега и Наполи е пред нас. Мора да се фокусираме на себе и да одиграме секој натпревар поединечно.

Сега сме на пат кон нашата главен цел – пласман во Лига на шампиони, но тоа нема да се реши во следните две недели, мораме да ја одржиме предноста“, изјави Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×