Раководството на Јувентус стапило во контакт со Ал Хилал со цел да ги испита условите под кои би можеле да го ангажираат уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез, пренесува познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио.
Саудискиот клуб минатото лето издвои околу 53 милиони евра за негов трансфер од Ливерпул, но напаѓачот засега не ги оправда очекувањата. Тренерот Симоне Инзаги не го гледа како прва опција во нападот, а со оглед дека има уште две години од договорот, клубот е подготвен да разгледа негова продажба.
Сепак, главен проблем за „бјанконерите“ покрај високото обештетување е и платата на Нуњез, која достигнува дури 24 милиони евра по сезона.
Уругваецот во дресот на Ал Хилал одигра 16 натпревари во првенството, при што постигна шест голови и забележа четири асистенции. Во кариерата претходно настапуваше за Бенфика, Алмерија и Пењарол.