Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри се соочува со глоба од 5 милиони евра откако 212 нарачки преку апликација за брза достава на храна покажале дека тој живеел во Париз.
Самир Насри се соочува со огромна глоба поради неподмирени обврски за данок во Франција.
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити се правдал дека живее во Дубаи и не подложел на оданочување, но истрагата покажала нешто сосема друго.
Даночните власти го ставиле под лупа животот на Самир Насри и забележале дека тој имал дури 212 нарачки преку апликација (Deliveroo) за брза достава на храна на адреса во Париз.
Па почнале да чепкаат подлабоко и забележале дека тој има договор како ТВ коментатор, според кој требал лично да снима 40 до 45 емисии во периодот од септември 2021 до јуни 2022, што практично ја исклучува можноста да живее на Блискиот Исток.
Дополнително, и податоците од неговиот авионски патувања го потврдиле тоа – Самир Насри поминал помеѓу 126 и 208 дена во Франција во периодот помеѓу 2021 и 2023, додека во Емиратите престојувал значително помалку, односно помеѓу 42 и 124 дена.
ФОТО: X/Manchester City