Третиот голман на Јувентус, Карло Пинсољо уште еднаш покажа дека е голем тимски играч, претрча 100 метри за на Микеле Ди Грегорио да му даде ливче со пеналџиите на Џенова.
Карло Пинсољо, кој е дете на Јувентус, со години игра само по еден до два натпревари во сезона, но редовно добива нови договори.
Третиот голман на „старата дама“ има и поинаква улога во тимот, со својот позитивен со својот дух придонесува за одлична атмосфера и сплотеност во соблекувалната.
Тој вчера уште покажа дека е голем тимски играч, па претрча 100 метри за на Микеле Де Грегорио да му даде ливче со пеналџиите на Џенова.
И очигледно добро си ја заврши својата работа, Ди Грегорио се фрли на правата страна, го одбрани ударот на Мартин и помогна Јувентус да ја задржи предноста од 2-0.