27
Ќерката на Лука Модриќ, 12-годишната Ема Модриќ, тргнува по стапките на својот татко и веќе го освои првиот трофеј во академијата на Милан.
Нејзиниот тим триумфираше во финалето на Гаринo купот со 2-0 против Интер, освојувајќи ја титулата во конкуренција до 13 години. Ема беше меѓу најдобрите на турнирот и се запиша во листата на стрелци уште во четвртфиналето.
Според Газета дело спорт, Модриќ го следел настапот на својата ќерка преку Фејсбук поради клупските обврски, бидејќи истиот ден неговиот Милан играше дерби во Неапол и загуби со 1-0.