Денеска во ЛШ: Европски класик во Мадрид, а Арсенал гостува во Лисабон

by 24 фудбал
1 минути читање

Европската фудбалска сцена вечерва носи нови возбудувања во четвртфиналето од Лига на шампиони, каде на програмата се два дерби натпревари со голем влог.

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Баерн Минхен, во пресметка меѓу два европски гиганти кои имаат освоено бројни титули во ова натпреварување. „Кралевите“ ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен, додека Баерн доаѓа со амбиција да извлече поволен резултат пред реваншот во Минхен.

Во вториот дуел, Спортинг ќе го дочека Арсенал, кој игра одлична сезона и важи за еден од посериозните кандидати за трофејот. Сепак, португалскиот тим е традиционално незгоден на свој терен и ќе се обиде да ја искористи таа предност.

Двата натпревари се играат вечерва во 21:00 часот, а победниците ќе направат голем чекор кон пласман во полуфиналето на елитното натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×