Винисиус Жуниор испрати јасна порака до Флорентино Перез за својата иднина

by bojan
1 минути читање

Винисиус Жуниор вели дека Реал Мадрид е клубот од неговите соништа, се надева дека ќе го носи белиот дрес уште долги години, па не го загрижува тоа што има уште од 18 месеци од договорот.

Бразилецот подолго време е во преговорите со „кралевите“ за продолжување на соработката, но прогресот е бавен па често се говори за негово заминување од „Бернабеу“.

Сепак, пред натпреварот против Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампиони, Винисиус Жуниор порача дека неговата иднина е во Мадрид.

„Не ме загрижува тоа што иамам уште година дена од договорот.  Знам дека ја имам довербата на претседателот, па кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе потпишам нов договор – Реал ми е клубот од соништата“ – вели Винисиус Жуниор.

Напаѓачот исто така вели дека тој е променет по отказот на Чаби Алонсо.

„Секој тренер има свои методи и едноставно не можев да се поврзам со него онака како што тој знаеше“.

„Со Арбелоа одлично се поврзав, уживам во неговата доверба, исто како што беше под водство на Анчелоти“.

„Тој секогаш јасно ми кажува што бара од мене, а јас секогаш го давам најдоброто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×